Шкупи го врати Сухејл Мухарем дома

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкупи не запира со засилувањата летово, а денеска клубот од Чаир го претстави Сухејл Мухарем како ново име во тимот.

Офанзивниот играч за врска има 23 години и повторно ги облекува боите на Шкупи, клуб во кој ги направи првите фудбалски чекори. Потоа настапуваше за Ренова, Работнички и Струга Трим Лум, а последната половина сезона ја мина во косовскиот Фероникели.

Добредојде таму каде што сè започна“, стои во објавата на Шкупи, со порака дека Мухарем се враќа не само како фудбалер, туку и како дел од семејството.

Чаирчани ова лето се решија на доста млади фудбалери за разлика од претходно кога се потпираа на скапи странци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×