989
Раководството на Шкупи се реши за тренерска смена по поразот од Вардар среде Чаир од 2-0, Алпарслан Ердем веќе не е шеф на стручниот штаб.
Шкупи веќе долго време е во криза поради која паѓа на табелата, а загубениот меч од Вардар ја прели чашата, па цехот го плати тренерот Ердем.
„Благодариме, Алпарслан Ердем. Клубот му посакувам успеси во понатамошното патување“, објави клубот.
Шкупи по 30 одиграни кола се наоѓа на осмата позиција во Првата лига со 34 бодови.
Фото: Шкупи/фб