Шкупи доведе уште еден фудбалер од германската петта лига

by Стефан
0 минути читање

Eкипата на Шкупи продолжи да биде активна во овој преоден рок и вечерва го потврди петтото засилување и тоа 20-годишниот Малик Кадир Хајвали кој пристигнува од германската петта лига.

Во прашање е фудбалер кој игра како крилен напаѓач.

Претходно во Шкупи пристигнаа и Адонис Милај и Максимилијан Гроте кои исто така играа во германски нисколигаши.

Ќе потсетиме, Шкупи зад себе има една разочарувачка сезона во која играше под очекувањата, а по завршувањето следуваа и промени во раководството.

Останува да се види како ваквите засилување ќе се снајдат во македонскиот фудбал во сезоната која следи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×