Со стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија ќе се соочи со кадровски проблем уште на самиот почеток. Тетовскиот тим во првите неколку првенствени натпревари нема да може да смета на својот прв голман, Бабукар Гаје.
Чуварот на мрежата заработил повреда поради која ќе биде надвор од терените во наредните две до три недели. Гаје бранеше на првиот натпревар против Европа во квалификациите за Конференциската лига, но дополнителните лекарски прегледи потврдија дека му е потребна пауза.
Поради повредата, тој го пропушти реваншот со Европа, како и првиот натпревар од двомечот со Браво, одигран вчера во Љубљана.
Шкендија новата сезона во домашното првенство ќе ја отвори в недела, кога на свој терен ќе го пречека составот на Скопје. Почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот.