Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ќе има исклучително тешка задача во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, бидејќи се наоѓа во групата на неносители.
Поради слабите резултати на македонските клубови на европската сцена во изминатите сезони, нашите претставници во Европа се извлекуваат од шеширот со екипите со понизок рејтинг, што значи дека ќе добијат силен противник уште на стартот. Таков беше случајот со Работнички, Вардар и Силекс во квалификациите за Конференциската лига (ТУКА)
Меѓу потенцијалните ривали на тетовскиот тим се сериозни имиња од европската сцена како бугарскиот шампион Лудогорец, романската Стеауа (ФЦСБ), словенечката Олимпија Љубљана, шведскиот Малме и други клубови кои со години имаат постојан настап во еврокуповите.
Ждрепката што ќе го одреди противникот на Шкендија ќе се одржи на 17 јуни во седиштето на УЕФА во Нион, додека натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 8 или 9 јули (прв натпревар), односно 15 или 16 јули (реванш).
Фото: KF Shkëndija/FB