Шкендија против тим од Шкотска ќе игра во следното европско коло!

by riste
0 минути читање

Еден час по остварениот триумф над Браво од 3-1, Шкендија го дозна и следниот противник во квалификациите од Конференциската лига.

Тоа е тимот на Хибернијан кој денеска со 4-1 ја совлада екипата на Малишева од Косово.

Во првиот меч Малишева победи со 2-0, но денес шкотскиот тим ја анулираше таа негатива и дојде до триумф од 4-1, па со вкупни 4-3 се пласира понатаму.

Шкендија ќе биде гостин на првиот меч, тој дуел се игра на 6 август во Шкотска, реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×