Шкендија прими гол во 90. минута и загуби од Хибернијан! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шкендија со пораз од 1-2 се враќа од гостувањето кај Хибернијан, шкотскиот тим има предност по првиот меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Шкендија одигра уште еден меч на високо ниво во Европа, беше на чекор да остане непоразена, но прими гол во 93. минута.

Натпреварот долго време беше со почетниот резултат, конечно беше отворен во 73. минута кога Елдинг по асистенција од Рајт погоди за водство на Хибернијан од 1-0.

Но, само три минути подоцна нововлезениот Марко Ѓорѓиевски постигна гол за израмнување на 1-1, но тоа не беше се.

Во 91. минута Охора најдобро се снајде по една мешаница од корнер и ја смести топката во мрежата на тетовскиот тим.

Реванш натпреварот меѓу Шкендија и Хибернијан е наредниот четврток со почеток од 20 часот, во меѓувреме тетовскиот тим му гостува на Вардар, тој дуел се игра во недела од 17 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×