128
Екипата на Шкендија Арачиново од наредната сезона ќе игра во Втората македонска лига, а иако станува збор за клуб кој има голема бројка поддржувачи следната сезона нема да игра во Арачиново.
Имено, клубот преку социјалните мрежи информираше дека домашните натпревари во ВМФЛ ќе гигра на стадионот во Маџари „Борис Трајковски“.
Инаку, во Маџари изминатата сезона своите натпревари ги играше екипата на Гостивар која откако се повлече од Првата лига беше исфрлена во најзинок ранг.
Исто така стадионот беше и резервна опција за скопските ривали Вардар и Работнички.