Фудбалерите на Шкендија и официјално се новите шампиони на Македонија, откако попладнево со триумфот над Работнички од 2-1, го обезбедија врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци по двете ремија повторно се вратија на победнички колосек, а сè тргна во позитивен правец уште од самиот старт. Во петтата минута Латифи го отвори резултатот и така најави дека во Тетово денес ќе се слави.
Домашниот тим целосно ја контролираше играта, а по 30 минути Тамба погоди за 2:0 по една долга топка и тоа беше резултатот со кој се замина на паузата.
Во вториот дел темпото падна, а Работнички се врати во игра со погодок од пенал на Дејли во 62. минута, но тоа беше сè што гостите успеаја да направат. Шкендија без поголеми проблеми го одржа водството и стигна до својата петта титула во ПМФЛ.
До крајот на сезоната остануваат уште две кола, но фактот дека еден од натпреварите за Шкендија е со повлечениот Гостивар, значи дека Силекс веќе нема шанси да ги престигне.
Во останатите натпревари, Брера со пресврт во последните моменти го совлада Шкупи со 4-3, додека Тиквеш запиша минимална, но исклучително важна победа над Беса (1:0) во битката за опстанок.
ТАБЕЛА: Шкендија 67, Силекс 63, Работнички 56, Струга 49, Гостивар 39, Вардар 39, Пелистер 38, Шкупи 37, Тиквеш 32, Брера 27, Беса 27, Воска Спорт.