Шкендија ги „избрка“ Вардар и Работнички од Националнaта арена

by Стефан
1 минути читање

Викендов во Македонија нема да се игра фудбал, а клубовите со обврските ќе продолжат во вторник и среда кога на програмата се натпреварите од Купот на Македонија.

Во вторник и среда ќе се играат натпревари од осминафиналето и во овие дуели Ваардар и Работнички нема да може да ја користат националната Арена, а причина ќе биде настапот на Шкендија во Конференциската лига.

В четврток Шкендија ќе игра против Шелбурн во Скопје, па поради тоа со цел да се зачува состојбата на теренот, Вардар и Работнички нема да можат да го користат нашиот најголем стадион.

Работнички својот натпревар против Брегалница ќе го игра во Автокомнда, додека Вардар со Новаци ќе се соочи на терените на ФФМ во Ново Лисиче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×