Шкендија доби најмногу, еве колку заработија мак-клубовите од УЕФА

by 24 фудбал
1 минути читање

УЕФА ги исплати средствата за сите клубови од 55. европски сојузи кои имаа свои фудбалери репрезентативци во периодот од 2020 до 2024 година.

На листата се голем број клубови од сите земји членки, а има и седум македонски претставници. Вкупно нашите клубови добија нешто повеќе од 150.000 евра од УЕФА програмата.

На врвот е Шкендија со 65,862 евра, како тим со најмногу репрезентативци во претходните години. Далеку зад тетовчани на второто место е Работнички со 25.613 евра, па следуваат Академија Пандев 21.954, Вардар доби 14.636, а еднакви 7,318 евра добија Шкупи, Македонија Ѓорче Петров и Силекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани