Сезоната за Ибрахимовиќ е завршена, напаѓачот е неизвесен и за стартот на Европското првенство

by
1 минути читање

Златан
Ибрахимовиќ заработи повреда на коленото против Јувентус, Стефано Пиоли пренесе дека
напаѓачот нема да биде во комбинација за дуелите со Торино и Каљари но изрази
надеж дека ќе се врати за последниот меч од сезоната и пресметката со Аталанта.

Сепак, според
пишувањата на Газета дело Спорт, повредата е посериозна од она што се мислело
во прв момент и Златан Ибрахимовиќ нема да игра ниту против „нероаѕурите“ од Бергамо.

Весникот
пренесува дека напаѓачот би можел да паузира и до четири недели, ваква прогноза
значи дека тој ќе го пропушти стартот на ЕВРО 2020 и дуелот на Шведска со
Шпанија на 14. јуни, но би требало да биде фит за дуелите со Полска и Словачка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×