Сезона за заборав за Милан, сениорите останаа без Европа, Б-тимот падна во Серија Ц – навивачите најавија бојкор на последниот меч!

by 24 фудбал
1 минути читање

По елиминацијата од Купот од Болоња, поразот од Рома и загубеното место во Европа за првпат од 2020, стигнува уште еден удар за „росонерите“. Најверните навивачи – миланистите од ултрас групата – најавија бојкот на последниот меч од сезоната против Монца.

Тие ќе ги напуштат трибините на „Сан Сиро“ по само 15 минути игра, како знак на револт кон управата и играчите, оставајќи ги „сами со својата срамота“. За денот на натпреварот најавени се и протести низ улиците на градот.

Ниту освоениот Суперкуп против Интер во Саудиска Арабија не беше доволен да се смири тензијата. Тренерот Сержио Консеисао, кој дојде на местото на Пауло Фонсека, скоро сигурно си заминува на крајот од оваа турбулентна сезона.

Покрај првиот тим, катастрофална беше и ситуацијата во младинскиот погон. Тимот на Масимо Одо заврши на 18. место во Примавера и следната сезона ќе игра во четврта лига – меѓу полупрофесионалци.

Тешко дека и најстарите фанови на Милан паметат полоша сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани