„Шевролет“ оди во историја, Манчестер јунајтед потпиша рекорден договор со „ТимВјуер“

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед соопшти дека TeamViewer ќе биде нивниот главен спонзор на дресот од следната сезона па во наредните пет.

Тие потпишаа најголем спонзорски договор во историјата на Премиерлигата, и најголем договор од било кој клуб во светот потпишан во пандемијата на ковид-19.

Иако официјално бројката не е соопштена, според англиските медиуми таа изнесува 275 милиони евра за пет сезони, што е 55 милиони евра по сезона.

По седум години Манчестер јунајтед ја прекинува соработката со Шевролет па од следната сезона TeamViewer ќе стои на дресот.

TeamViewer треба да ја промени бојата која сега им е сино бела, на дресот на Јунајтед ќе биде само бела поради ривалството со Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани