Многу европски
гиганти имаат баш интересен пристап на социјалните мрежи, известивме за тоа
како генијално Шалке 04 ја опиша денешната победа кај Борусија Дортмунд, со што
практично го отпиша во битката за титулата во Бундеслигата, а бележиме и уште една
реакција, онаа на Севиља.
Шалке 04 на најгенијален начин ја опиша победата над Борусија Дортмунд (ВИДЕО)
Во Примера и
Премиерлигата доста неизвесна е битката за четвртото место на табелата кое води
во Лигата на шампионите идната сезона, а секако загрозен е воедно и Тотнем на
третото место во Англија, особено по денешниот кикс на свој терен против Вест
Хем (0-1).
Гетафе, Севиља,
Валенсија па и Атлетик Билбао се борат за четвртото место на табелата во
Примера на четири кола до крајот на тоа првенство, од друга страна, Тотнем,
Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед за третото и четвртото место во
Премиерлигата.
Севиља има
предлог до Премиерлигата, ако никој тим од таа лига не го посакува четвртото
место на табелата, истото место да им го препуштат ним.
„Јо, Премиерлига,
доколку ниту една од вашите тимови не го посакува четвртото место, дали би
можеле да ни го дадете нам? Би ни го направиле животот полесен“ напиша
шпанскиот прволигаш.