64
Севиља го почна мечот со предност од 1-0 обезбедена од првиот натпревар одигран во Рим. Тимот од Андалузија влезе како фаворит за следното коло.
Резултатот беше отворен во 20. минута кога Бен Једер начека една одбиена топка од голманот на Лацио и ја смести зад неговиот грб за водство на Севиља од 1-0.
Во 60. минута домаќините останаа со фудбалер помалку откако на Вазкез му беше покажан втор жолт картон. Но само десет минути подоцна силите повторно беа израмнети, Марушиќ можеби малку и престрого доби директен црвен картон поради удар со лакт на противничкиот играч.
На десетина минути пред крајот по асистенција од Навас, Сарабиа постигна гол и ги постави конечните 2-0 за Севиља.