236
Поранешниот
фудбалер Андриј Шевченко, инаку легенда на украинскиот фудбал се одзва на
социјалните мрежи каде повика на поддршка за неговата татковина која е
нападната од Русија.
„Украина и
нејзиниот народ сакаат мир и територијален интегритет, ве молам за поддршка за
мојата земја и повик до владата на Русија да ја стопира нејзината агресија и
насилство, како и прекршување на меѓународното право, ние само сакаме мир,
војната не е одговорот“ напиша легендата на украинскиот фудбал на социјалните
мрежи.