376
Англија е голем фаворит во четвртфиналниот меч против Украина кој ќе се игра на Вембли. Но Андриј Шевченко кој се покажува како одличен селектор вели дека не се плашат од Англичаните.
„Англија е одличен тим, имаат широк ростер, одличен стручен штаб и потполно сме свесни колку тешко ќе биде“, вели Шевченко.
„Ги гледав нивните натпревари во групната фаза. Многу е тешко да им се даде гол, но не се плашиме, нивната сила не не заплашува“.
„Тоа што се силни ни е само мотивација бидедјќи во фудбалот како и во животот се е возможно, ние ќе играме со нашите срца за да им дадеме на фановите уште радости“.