669
Леонардо
Спинацола се здоби со повреда од потежок карактер која ќе го одалечи од
терените пет или шест месеци откако ја скина ахиловата тетива во второто
полувреме од пресметката со Белгија во четвртфиналето од Европското првенство.
Сестрата на
голманот на Белгијците, Тибо Куртоа, Валери на социјалните мрежи упати
обвинувања кон Спинацола претходно дека се обидувал да задржи време во тие
моменти од натпреварот, меѓутоа сега јавно се извини за тоа.
„Многу ми е жал
што дознавам дека Европското првенство за Спинацола завршува на ваков начин…
Се извинувам поради мојата реакција во тие моменти, се надевам дека му претстои
успешна рехабилитација“ напиша Валери.
