Шест клубови од
Премиерлигата им дале јасни инструкции на своите фудбалери Бразилци да не
патуваат во Јужна Америка за интернационалната пауза, поради фактот што истите
ќе мора да се соочат со карантин веднаш по самото враќање.
Бразил е на
црвената листа на држави во Велика Британија поради рестрикциите за заштита од
коронавирусот, а деветмина Бразилци се повикани во националниот состав на „Караоките“
за мундијалските квалификации.
Проблемот е во
тоа што фудбалерите веднаш штом се вратат на Островот ќе мораат во карантин во
траење од десет денови со тоа што ќе го пропуштат најмалку редовното четврто коло од
новата сезона во Премиерлигата, а од таму јасно наведоа дека отстапување по тоа
правило на државно ниво нема да се случи.
Ливерпул (Алисон,
Фабињо, Фирмино), Манчестер Сити (Габриел Жесус, Едерсон), Манчестер јунајтед (Фред),
Челси (Тијаго Силва), Евертон (Ришарлисон) и Лидс (Рафиња) се клубовите кои би
можеле да се соочат со одредени санкции поради тоа што големи се очекувањата од
куќата на фудбалот во Бразил да испратат жалба до ФИФА за ова прашање.
„Дејли Мејл“
наведува дека ФИФА би можела да реагира со суспензија во рок од пет денови за
деветмината фудбалери кои би биле еден меч вон комбинација за настап во
Премиерлигата, односно веднаш по интернационалната пауза, а се верува дека ова сценарио дури им одговара на клубовите.
Шпанските клубови
исто така се обидоа да го блокираат заминувањето на своите фудбалери во
репрезентациите со тоа што имаа неуспешен обид од правен аспект на судот за
спортска арбитража, а самото тоа би и дало на ФИФА самодоверба во случајот со
англиските клубови.