Сесињон открива како Мурињо го мотивира и додека тој е на позајмица во Хофенхајм

by
1 минути читање

Жозе Мурињо будно ги следи и фудбалерите на Тотнем кои се на позајмица, Португалецот постојано е во контакт со нив. Тоа го открива Сесињон кој сега игра во Хофенхајм но би сакал следната сезона да се врати во тимот од Северен Лондон.

„Жозе Мурињо често ми праќа пораки, и обавезно после секој натпревар. Кога ќе дадам гол ќе рече „добар гол, продолжи така“, мали мотивациони пораки“, вели Сесињон.

Тој се уште комуницира со дел од играчите на Тотнем и цели да се врати во тимот идната сезона.

„Тоа е мојата цел. Затоа сум во Хофенхајм, да стекнам поголемо искуство, да имам повеќе натпревари на високо ниво а потоа да се вратам и да играм натпревари за Тотнем следната сезона“.

„Мислам дека можам да бидам играч на Мурињо. Сакам да учам, да напредувам, да се вратам и да се борам за место во тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани