Серија А за Пандев: Различни дресови, но секогаш голови и асистенции (ФОТО)

by
1 минути читање

Горан Пандев е на само два гола до јубилејниот 100. погодок во Серија А. Со исклучок на авантурата во Галатасарај, Македонецот целата кариера откако ја напушти Македонија, ја помина во италијанаската лига.

Досега го носеше дресот на Лацио, Интер, Наполи и Џенова, а на почетокот од играше и на позајмица во Специја и Анкона. Има постигнато 98 голови во Серија А и 55 асистенции.

Серија А денеска објави пост од четири фотографии од Горан Пандев, од Лацио, Интер, Наполи и Џенова и напиша: „Различни дресови, но секогаш голови и асистенции“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани