Серија А се тресе, Конте ќе добие 150 милиони фунти за засилувања

by
1 минути читање

Антонио Конте во
брзо време треба да стави потпис на договорот со Тотнем, се говори за соработка
до 2023 година. Според Сан, стратегот ќе има плата од 15 милиони фунти годишно,
додека пак Дејли Мејл и Телеграф пишуваат за примања од околу 13 милиони фунти
по сезона, односно договор тежок 20 милиони фунти до јуни 2023 година.

Сан исто така
пренесува дека Антонио Конте на располагање ќе има околу 150 милиони фунти за
засилување на тимот, и на листата со желби се неколку имиња од Серија А.

Душан Влаховиќ од
Фиорентина е на врвот, кој откако одби да потпише нов договор со Фиорентина, е
на радарот на многу екипи. Неодамна, Џо Бароне и Даниеле Праде беа во Лондон на
средба со своите колеги од Тотнем, останува да се види дали „спарси“ се подготвени
да платат 60-70 милиони евра, колку што бараат „виолетовите“.

Како нови имиња
во средниот ред се идентификувани Марсело Брозовиќ и Франк Кеси, двајцата ги
одработуваат последните месеци од договорите со Интер односно Милан, и можат да
бидат купени на попуст во јануари.

Што се однесува
до одбраната, целата дефанзива на Интер е по мерак на Антонио Конте и се говори
за ангажман на еден од Милан Шкрињар, Стефан де Врај и Алесандро Бастони.

Одредени извори пак пишуваат дека на списокот се наоѓа и двоецот на Јувентус, Федерико Киеза и Матајс де Лихт, па останува да се види што Тотнем ќе може да одработи на трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани