Шериф го живее сонот, во своето прво учество во Лигата на шампионите прави сензации. Ако победата во првото коло над Шахтар беше изненадување, денешниот триумф во Мадрид против Реал е вистинско чудо.
Нашиот Бобан Николов најголемиот дел од мечот беше на клупата за резерви, во игра влезе во судиското продолжение кога веќе беше поставен конечниот резултат.
Дека ќе се случи нешто големо на Бернабеу, најави Јакшибаев кој во 25. минута донесе водство за Шериф.
Во 65. минута Бензема изедначи од пенал и се чинеше дека Реал Мадрид ќе дојде и до пресврт, но тоа не само што не се случи, туку кралскиот клуб прими уште еден гол.
Во 90. минута Тил постигна прекрасен гол за сензационална победа на Шериф од 2-1.
Молдавскиот тим даде гол и во 72. минута но тој им беше поништен поради офсајд.
Претходно во оваа група се одигра мечот меѓу Шахтар и Интер кој заврши 0-0.
Борусија Дортмунд со гол на Мален го победи Спортинг Лисабон со 1-0. Претходно во оваа група Ајакс со 2-0 славеше над Бешикташ.