190
Фудбалерот на
Барселона, Серхи Роберто би можел да отсуствува од терените во идните четири
месеци поради повредата за која е неопходно да се направи операција.
29 годишниот Роберто
нудеше повеќе опции за Каталонците со тоа што можеше да игра на десната
бековска позиција, но и централниот дел од теренот.
Роберто запиша
над 300 настапи за својот клуб од детството Барселона, а „Мундо Депортиво“ дефинитивно
ги разочара навивачите на клубот од „Камп Ноу“ со веста дека ќе може да паузира
до април идната година.