Натпреварот беше 0-0, се очекувше дека пенали ќе го решаваат победникот, но во 92. минута по еден корнер, Серафимов ја искористи лошата поставеност на вардаровата одбрана и постигна гол за победа на Академија Пандев од 1-0 и пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Елиминација доживеа и Работнички кој беше поразен на пенали од Струга Трим Лум, во регуларниот дел не беше постигнат гол. Пенал серијата почна со два промашени удари на стружани, романтичарите имаа водство од 2-0 по две серии, но во следните четири удари промашија дури трипати, а домаќините ги погодија сите и славеа со 4-3.
Пенали имаше и на дуелот меѓу Ренова и Пелистер. Битолскиот тим водеше со 2-0, но Ренова успеа да изедначи со два гола во финишот, а подоцна и да победи на пенали со 6-5.
Шкендија со 1-0 го совлада Гостивар, Шкупи со 5-0 беше убедлив против Кит Го, Македонија Ѓорче Петров беше најубедлива откако со 6-0 ја победи Каменица САСА, Силекс со 3-1 славеше на гостувањето кај Кожув, Беласица и покрај тоа што игра очајно во ПМФЛ, во купот оди понатаму откако со 1-0 беше подобра од Брегалница во Штип.
Куп на Македонија 1/8 финале:
Академија Пандев – Вардар 1:0
Брегалница – Беласица 0:1
Кожув – Силекс 1:3
Македонија ЃП – Каменица САСА 6:0
Ренова – Пелистер 2:2 (5:4 пен)
Шкендија – Гостивар 1:0
Шкупи – Кит Го 5:0
Струга ТЛ – Работнички 0:0 (4:3 пен)
Фото: ФК Струга ТЛ