Серафимов ги победи Ерера и Шишковски!

by riste
0 минути читање

Македонскиот дефанзивец, Никола Серафимов одигра 90 минути во убедливата победа од 4-0 на Левски над Борац Бања Лука за кој настапуваат Себастијан Ерера и Дамјан Шишковски, ова беше меч од квалификациите за Лигата на шампионите.

Мечот во Босна и Херцеговина заврши 1-1, па денеска се очекуваше многу понеизвесен дуел, но бугарскиот тим победи со 4-0. Сите голови беа постигнати во второто полувреме.

Никола Серафимов го одигра целиот меч за Левски, Себастијан Ерера исто така одигра 90 минути за Борац Бања Лука. Голманот Шишковски беше на клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×