64
Во најдобриот период од својата кариера важеше за еден од најважните играчи од средниот ред, Михаел Есиен сега е пред преселба во Ријека.
Радио Ријека информира дека лидерот во хрватското првенство започнал преговори со Есиен кој во моментов е слободен фудбалер и како таков може да го засили тимот и надвор од преодниот рок.
По одличните игри во Лион, Есиен својата најголема слава ја стекна во Челси, а го носеше дресот и на Милан и Реал Мадрид. Последен негов клуб беше Панатенаикос.
Останува да видиме како ќе завршат преговорите помеѓу Ријека и Есиен, и дали Ристовски и Жута ќе добијат голема ѕвезда во својот тим.