Сензационален трансфер или сензационална вест? Манчестер јунајтед го краде Стерлинг од Манчестер Сити?!

by
1 минути читање

Подолго време се
шпекулира дека Џејдон Санчо е фудбалерот кој Оле Гунар Солшер го посакува како
засилување на нападот, но синоќа низ медиумите од „островото“ проструи
информација за сензационален трансфер.

Наводно Манчестер
јунајтед е подготвен да го украде Рахим Стерлинг од редовите на лутиот градски
ривал Манчестер Сити.

„Граѓаните“ добија
санкција од УЕФА и доколку две години не играат во Лигата на шампиони, големи
се шансите најдобрите играчи да си заминат.

Шпекулациите
велат дека ако Судот за спортска арбитража ја потврди забраната, и ако Рахим
Стерлинг биде достапен, тогаш Англичанецот ќе се најде „многу високо“ на
листата со желби во Манчестер јунајтед.

Сепак, тешко за
верување дека ќе се случи еден ваков трансфер, тоа се потенцира и во сторијата
на весникот Индипенден, од каде потекнува оргиналниот напис и се посочува дека
Реал Мадрид е пореална опција доколку Рахим Стерлинг го напушти Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×