Сензација, Адеми и Ристовски одат во четвртфнале, Динамо Загреб го шокираше Тотнем! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо и Тотнем се елиминирани од Лига Европа и покрај победата во Лондон од 2-0, Адеми и Ристовски ќе играат во четвртфиналето.

Тотнем одигра лош натпревар, а Динамо Загреб го имаше Оршиќ кој ги постигна сите три погодоци.

Мечот беше отворен во 62. минута кога Оршиќ постигна прекрасен гол, а во 83. минута тој погоди за 2-0 и го израмни вкупниот резултат.

Со 2-0 завршија 90. минути па се отиде во продолженија, а во нив уште еднаш погоди Оршиќ и ги постави конечните 3-0.

Ова е сензационален резултат ако се земе во предвид и победата на Тотнем од 2-0 и неговиот состав на фудбалери. Можеби најголемиот пораз во кариерата за Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани