Алан
Сент-Максимин е уникатен по својот стил на игра, а добро упатените во
случувањата во Премиерлигата знаат дека со 24 годишниот Французин дефанзивците
во најсилната фудбалска лига на светот тешко врзуваат крај со крај на терените.
Крилниот напаѓач
упати емотивно писмо на социјалните мрежи до својот тренер Стив Брус, кој доби
отказ на клупата на клубот од „Сент Џејмс Парк“ само две седмици откако беше
финализирана продажбата на клубот кој ги доби најбогатите газди.
„Беше чест и
привилегија да те имам тебе за тренер, ти благодарам Стив“ напиша
Сент-Максимин.
„Ти си, без
никакво сомневање, еден од најголемите џентлмени кои јас сум ги сретнал во
светот на фудбалот. Ти си човек од збор, човек кој се грижи, но и праведен
човек кој никогаш не се двоумел да не заштити нас фудбалерите, никогаш нема да
заборавам како ме третираше, за тоа ќе ти бидам засекогаш благодарен!“ додаде
Французинот.