Семејството
Глејзер никогаш не било омилено помеѓу навивачите на Манчестер јунајтед откако
Американците го купија клубот во 2005 за 790 милиони фунти. Суперлигата беше нова
причина за фановите да го кренат гласот против бизнисмените од САД, кои би можеле
да се повлечат од клубот.
Според пишувањата
на Мирор, семејството Глејзер е подготвено да ги продаде „ѓаволите“ за 4
милјарди фунти.
Браќата Аврам и
Џоел веруваат дека оваа неверојатна бројка е нормална со оглед на на огромната
историја на Манчестер јунајтед и моќта на клубот од Олд Трафорд да привлекува
спонзори.
Неодамна
„ѓаволите“ договорија соработка со „Тимвјуер“ и во услови на пандемија и голема
криза успеаја да обезбедат 235 милиони фунти за пет години.