Селтик со пресврт го доби големото градско дерби на Глазгов против вечниот ривал Ренџерс (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито меѓу Ренџерс и Селтик важи за еден од најголемите градски дуели во светот, ривалството меѓу овие два тима е на највисоко ниво во секој поглед.

Стадионот полуде уште во третата минута кога Ремзи погоди за водство на Ренџерс од 1-0, но радоста на домаќините не траеше долго бидејќи Рогиќ во седмата минута изедначи на 1-1.

Пред крајот на првото полувреме Картер-Викерс постигна гол за комплетен пресврт и водство на Селтик од 2-1.

До крајот Ренџерс се обидуваше да избегне пораз, но не успеа.

Ако Ренџерс победеше ќе се израмнеше бодовно со Селтик. Но сега Селтик е на врвот со 79 бодови, а Ренџерс е на второто место со 73.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×