69
Денеска во Нион беше извршена ждрепката за второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Шкендија во првото коло имаше среќа и го доби естонскиот тим Номе Калју. Македонскиот шампион е голем фаворит во оваа пресметка и се очекува да помине во второто коло, а таму таму веројатно ќе го има Селтик.
Селтик во првото квалификациско коло игра против Сараево, би било сензација доколку го изгубат овој двобој.
Ако се оди според планот, Селтик во првото коло би бил домаќин на Шкендија, а реваншот ќе се игра во Скопје.
Првите натпревари се играат на 23 и 24 јули, реваншите се 30 и 31 јули.