Селекторот на Романија во трка со времето: Ќе се тестира во пет часот наутро доколку вечерва биде негативен

by
1 минути читање

Како што е
познато, 40 годишниот селектор на Романија, Мирел Радои се зарази со
коронавирусот, па поради тоа нема да биде во можност да ги предводи Романците
на утрешниот меч со Македонија, но „Дигиспорт“ известува дека од таму се
надеваат дури и на минималните шанси за целосен пресврт по ова прашање.

Радои вечерва ги
чека резултатите од тестирањето кое го направи пред неколку часа, а доколку го
добие посакуваниот резултат (негативен), во тој случај утре рано наутро, многу
веројатно околу 5 или 6 часот ќе биде подложен на ново тестирање, известува „Дигиспорт“
базирајќи се на свои извори.

Раното тестирање
би се реализирало со цел истото да биде целосно спроведено на време, а доколку
вечерва и утре тој излезе негативен на тестирањето, во тој случај би можел да
добие дозвола од ФИФА да ја предводи Романија од клупата за мечот со Македонија,
базирајќи се на две последователни негативни тестови за ковид-19.

Како и да е, „Дигиспорт“
во веста завршува и со фактот што едно такво сценарио е мошне тешко да се случи
во овие моменти, од причина што барем досега Радои беше позитивен на тестирањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани