Мирел Радои ќе ја
предводи Романија од клупата за пресметката со нашата селекција вечерва во
стартот на квалификациите за Светското првенство 2022, иако романскиот селектор
имаше „пеколно“ темпо за да го реализира ова сценарио.
Како што е од
претходно познато, Радои беше заразен со коронавирусот, а синоќа беше во
исчекување на првото од двете предвидени тестирања за да се утврди дали постои
било каква можност да биде на клупата на Романија вечерва, а негативен тест
носеше едно неверојатно сценарио.
Тоа и се случи,
Радои синоќа доби негативен тест од тестирањето, а за да добие два негативни во
низа се тестираше рано изутрина во пет часот, и тој беше негативен, па веднаш
се приклучи на селекцијата на Романија.
Од видеото кое го
објави куќата на фудбалот на Романија, Радои влегува во соблекувалната и им
вели на сите присутни таму дека ќе го објави тимот и ќе си замине, секако, тоа го
стори на шега, а потоа додаде дека не сакал да ја пропушти победата, алудирајќи
на тоа дека очекува триумф на неговите избраници вечерва.