Натпреварот меѓу Данска и Финска беше во сенка на непријатната епизода со Кристијан Ериксен која заврши со среќен крај.
Сцените на стадионот во Копенхаген беа потресителни, а тоа влијаеше и на конечниот исход на натпреварот, Финците направија изненадување и ја победија Данска со 1-0.
„Се потсетивме што е најважно во животот. Ова беше навистина тешко, значајноста на животот не може да се мери со ништо. Солидарноста и блискоста на луѓето дојдоа до израз, не можам да бидам погорд на овие момци. Немам зборови со кои можам да опишам колку се силни и цврсти. Сите сме со мислите кон Кристијан и неговото семејство, тој е еден од најдобрите играчи и уште подобра личност“, вели селекторот Хјумланд.
„УЕФА ни дааде две опции, да играме вечерва или утре попладне од 12 часот. Момците сакаа да играат откако дознаа дека Ериксен е во стабилна состојба. Во второто полувреме морав да аго извадам Кјаер бидејќи не можеше да издржи веќе. Беше шокиран, беше надвор од мечот. Не сакаше да игра, но останатите решија да играат, па прифати и тој. Но во вториот дел не можеше да издржи и побара да биде заменет“.