По завршувањето на сезоната, екипата н а Пелистер започна со промените во струкутарата, а во тие промени во клубот беше вратен и Марјан Секуловски.
Секуловски сега ќе има улога на нов кординатор и ќе го наследи Златко Цветановски. Во обраќањето до јавноста тој истакна дека пред од тренерите во младинските категории ќе бара да произведуваат фудбалери за сениорскиот тим и резултатите ќе бидат на второ место.
„Предизвикот не го очекував, но го прифатив. Доаѓаме во момент кога мораме да дадеме максимални напори за работите кои биле на едно добро ниво да ги подобриме. Има два пристапа, едниот е за резултат по секоја цена, а вториот создавање на фудбалери. Јас школата ја замислувам како фабрика која треба да произведува фудбалери. Тренерите кои работат во школите нема да имаат притисок за резултати, туку за создавање квалитетни фудбалери“, порача Секуловски на денешната прес-конференција.