„Секој Божиќ за подарок добивав дрес од Баерн Минхен, ќе го оставам срцето се за овој клуб“ – Сабицер потпиша за „баварците“

by
1 минути читање

Јулијан Нагелсман
доби уште едно засилување, Баерн Минхен го ангажираше Марсел Сабицер од РБ
Лајпциг.

Фудбалерот од средниот ред пристигнува на „Алианц Арена“ во зделка
вредна 15-16 милиони евра, и се обврза кон „баварците“ до 30. јуни 2025 година.

„Задоволен сум
што ми се укажа шанса да заиграм за Баерн. Како дете, дресот од Баерн ме
правеше горд и среќен. Секој Божиќ за подарок добивав дрес од Баерн. Ќе го
оставам срцето на терен за овој клуб, сакам да победам на што е можно повеќе
натпревари и да освојам многу титули“
– рече фудбалерот од Австрија по
преселбата во Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×