Шеикот му се „закани“ на Покетино по замената на Меси (ФОТО)

by
1 минути читање

Маурисио Покетино
нема лесна задача оваа сезона околу поделбата на минутите, стретегот веднаш
налути една ѕвезда, и тоа онаа најголемата, Лео Меси. Аргентинецот синоќа беше
повлечен од игра на 15 минути до крајот, не му се допадна ова и негодуваше кај
својот сонаордник.

По ваквиот развој
на настаните, на социјалните мрежи се огласи Калифа Бин Хамад Ал Тани, роднина
на сопственикот на газдата на ПСЖ.

„Лондон е убав
град… го знаеш ова…“
–  гласеше
пораката која многумина ја толкуваат како закана до Маурисио Покетино дека може
да добие отказ.

Kалифа Бин Хамад
Ал Тани стана популарен во фудбласките кругови откако изминативе месеци често споделуваше
информации за трансферот на Лео Меси како и обидите на Реал Мадрид да го
ангажираат Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани