154
Поранешниот член
на кошаркарскиот клуб на Барселона, Хуан де ла Круз ги обвини фудбалерите на
Барселона дека не сториле доволно за да го спречат заминувањето на Лионел
Меси, кој летово направи трансфер во ПСЖ.
Многу навивачи на
Барселона веруваат дека заминувањето на нивниот омилен фудбалер ќе се спречеше
доколку со ситуацијата се одговореше на еден поинаков начин, со што воедно се
согласува и Де ла Круз.
„Сега сите го
бакнуваат грбот!“ напиша тој на социјалните мрежи.
„А нивните плати?
Сега сите зборуваат за кратење на платите!“ додаде тој во својата објава на
социјалните мрежи, која доаѓа по одлуката на Џерард Пике да се согласи на
значително намалување на својата плата.