Сега фудбалерите се милионери на 18 години, Гигс открива: Ферги ќе ме фрлеше преку прозор зошто побарав клупски автомобил!

by
1 минути читање

Во денешно време, фудбалските ѕвезди се милионери уште на 18 години, купуваат скапи автомобили и луксузни домови. Но пред 30-тина години не било така, особено не кај Сер Алекс Фергусон. 

Рајан Гигс раскажа како на почетокот од кариерата бил насамарен да отиде во канцеларијата на Ферги и да побара клупски автомобил. Лицето на Шкотот за кратко време поцрвенело, и сакал да го фрли Велшанецот преку прозор.

„Моите спомени од таа случка… прво што ми паѓа на памет е како поцрвено неговото лице, како ме погледна и како сакаше да ме фрли преку прозор“ – вели Гигс.

„Разговарав со Брајан Робсон, му реков „Робо, сите имаат клупски автомобил освен јас, а веќе имам 25 натпревари за првиот тим“. Ми одговори, „Да, мислам дека треба да го прашаш тренерот. Кажи му дека имаш одиграно 25 натпревари и дека треба да ти даде клупски автомобил“. Робо никогаш не се мајтапел со мене, па му верував“.

„Па тропнав на вратата, влегов во канцеларијата и му реков на Ферги, „Види шефе, имам одиграно 25 натпревари, мислам дека се етаблирав како првотимец, што велиш за клупски автомобил?“ Уште на половина од реченицата можев да забележам како му се менува лицето, а кога дојдов до „клупски автомобил“, лицето му стана црвено“.

„Ми рече, „Клупски автомобил? Нема да ти дадам ни клупски велосипед! Излегувај од мојата канцеларија за да не те фрлам преку прозор“. Кога ја отворив вратата, половина од тимот стоеше надвор, го слушаа разговорот и чекаа да видат каква ќе биде реакцијата. Учите од грешките“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×