178
Алегри потврди дека Американецот веднаш бил пренесен во локалната болница и му била направена снимка.
Според „Скај Спорт Италија“, Мекени имал двојна скршеница на левото стапало.
23-годишниот фудбалер го очекува подолга пауза, веројатно сезоната за него е завршена.
„Скај Спортс Италија“ вели дека ќе му бидат потребни најмалку два месеци за да се врати.
Тој во досегашниот дел од сезоната имаше 28 настапи во сите натпреварувања за Јувентус, важи за значаен играч за тимот.
Ова е удар за Јувентус кој на листата на повредени ги има и Пауло Дибала, Федерико Киеза, Даниеле Ругани, Џорџо Кјелини и Федерико Бернардески.