Со натпреварите денес и во среда продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието е мадридското дерби помеѓу градските ривали Реал Мадрид и Атлетико.
Реал е рекордер во најелитното европско натпреварување со 15 титули и во последните години е непобедлив во Лигата на шампионите против големиот ривал кој го победи во две финалиња (2014, 2016) и по еднаш го елиминираше во четврфиналето (2015 ) и полуфиналето (2017).
Aтлетико го дочекува натпреварот во подобра форма бидејќи „кралевите“ на последните пет натпревари во Ла Лига имаат само една победа и по две реми и два порази. Со тоа дозволија Барселона и Атлетико да ги прескокнат на табелата. Реал е трет со 54, Атлетико има 56, Барселона 57.
Исто така Атлетико оваа сезона игра добро во големите натпревари и не изгуби од Реал или Барселона, „јорганџиите“ се во четири натпревари во низа без пораз против градскиот ривал.
Покрај мадридското дерби, денеска од 21:00 часот играат уште: ПСВ – Арсенал и Борусија Дортмунд – Лил, додека од 18:45 часот на програмата дуелот Клуб Бриж- Астон Вила.