170
По Германија и Шпанија, од денеска се враќа и фудбалот во Италија. Тој продолжува со реванш натпреварите од домашниот куп, а вечерва од 21 часот на програмата е дуелот меѓу Јувентус и Милан.
Првото полуфинале кое се играше на Сан Сиро заврши нерешено 1-1.
Утре се игра вториот полуфинален меч, Наполи против Интер. Првиот дуел го добија Наполитанците со 1-0 иако играа на гостински терен.
Мечевите од Купот на Италија ќе бидат увертира за она вистинското, враќањето на Серија А која ќе продолжи од следниот викенд, на 20 јуни.