Катастрофална игра
во одбраната го чинеше Манчестер јунајтед пораз на гостувањето во Турција,
Башакшехир ја забележа првата победа во Лигата на шампиони откако ги изненади
„ѓаволите“ со 2-1.
Резултатот беше
отворен во 13. минута, Демба Ба беше осамен како дух на средината од теренот, прими
топка, тргна во контра и рутински реализираше за 1-0.
Во 40. минута,
Бруно Фернандеш лошо врати една топка за Мата, кој го загуби дуелот со Кавечи,
се отвори брз напад за домаќините, Демба Ба со многу чувство остави топката да
помина за Вишќа од врвот на шеснаесетникот да погоди за 2-0.
Пред крајот на
првиот дел, Манчестер јунајтед намали, Марсијал постигна гол со глава за 2-1.
Во продолжението од мечот, „ѓаволите“ напаѓаа со сите сили, но Башакшехир се
бранеше одлично па резултатот остана непроменет.
На вториот
натпревар од 18:55 часот, Зенит и Лацио одиграа 1-1. Домаќините поведоа со
голот на Ероткин во првиот дел, во финишот изедначи Каиседо.