256
Федерико Киеза на дуелот со Рома ги повреди вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена. Ваквиот развој на настаните ги промени трансфер плановите на Јувентус и „старата дама“ во јануари ќе треба да донесе соодветна замена.
Се говори дека Сердар Азмун од Зенит е на врвот на листата, но Јувентус разгледува уште неколку имиња, и втора опција е Мемфис Депај.
Неодамна Холанѓанецот му беше понуден на Јувентус во трампа за Алваро Мората, но тогаш Макс Алегри го одби. Но сега се сменија работите, па „старата дама“ ќе побара од Барселона да го добие фудбалерот на позајмица до крајот на сезоната.