Навикнавме Манчестер Сити многу да троши во преодните рокови, но летово приходите на „Етихад“ од продажби се значително поголеми од трошењето пари на засилување.
Ако сега се спушти завесата на преодниот рок, Манчестер Сити би имал приход од продажба на играчи од 190 милиони евра, додека од друга страна би имал 178 милиони евра потрошени на засилувања. И тоа е рекорден плус во ерата на арапските сопственици.
Плус, приказната околу приходите сè уште не е завршена, бидејќи се чека само официјализирањето на заминувањата на Савињо и Мармуш во Тотнем. Се очекува овие две продажби на „Етихад“ да донесат околу 150 милиони евра, што значи дека чистиот профит би изнесувал неверојатни 340 милиони евра!
Колку е ова генерално невообичаена ситуација за Сити најдобро покажува податокот дека во последните 20 години само уште еднаш имале позитивен биланс кога станува збор за трансфери на играчи. Тоа беше во сезоната 2022/23, кога разликата во корист на приходите изнесуваше речиси седум милиони евра.