Се појавија први детали од понудата на Арапите за Бруно Фернандеш

by bojan
1 минути читање
Фернандеш

По најавите дека Саудиска Арабија нема да штеди пари за ангажман на Бруно Фернандеш, се појавија првите детали од предлогот со кој Ал Хилал ќе се обиде да го привлече Португалецот.

Денеска се појавија гласини кои велеа дека делегација на Ал Хилал пристигнала во Манчестер на средба со агентите на Бруно Фернандеш, и се говореше дека Саудиска Арабија нема да штеди во намерата да го ангажира Португалецот.

Сега се појавија првите детали од предлогот на Арапите, на маса била ставена тригодишна соработка и плата помеѓу 80 и 100 милиони фунти по сезона.

Што се однесува до понудата на Ал Хилал за Манчестер јунајтед, се говори за рекордна сума за британски услови.

Во моментов најскап трансфер на „островото“ е преселбата на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселлона во зделка вредна 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси.

Над 120 милиони евра беше и трансферот на Енцо Фернандез во Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани