153
На мечот меѓу Вест Хем и Арсенал беше донесена „одлуката на сезоната“ како што ја нарекоа англиските медиуми, а тоа беше да биде поништен гол за чеканите во судиското продолжение.
По прегледувањето на снимката беше досуден фаул врз голманот Раја и голот на Вест Хем беше поништен.
Се роди дебата за тоа дали требаше или не да биде поништен голот. Но сега излезе сника по која никој нема да има дилеми дека тоа беше чист фаул.
Двајца фудбалери го фаулираа Раја, едниот силно го влечеше за дрес, а другиот ја имаше ставено раката врз него и не му даваше да скокне.
— WelBeast (@WelBeast) May 10, 2026